(Фото) Шокантно: “Македонско-бугарски баталјон” на Фејсбук повикува Македонци да се борат во Украина!

t

Руското Министерство за одбрана во неолку наврати објавуваше податоци за македонски државјани кои се борат на страната на Украина во конфликтот, исто така се објавуваше број на убиени наши државјани.

МНР пак демантираше дека има информации за македонски државјани на фронтот во Украина, но Фејсбук страницата “Македонско-бугарски странски баталјон Тодор Александров во Украина” објавува дека наши државјани се борат таму, а одат и чекор подалеку, односно повикуваат Македонци да им се придружат во борбата.

– “Македонско-бугарскиот странски баталјон „Тодор Александров“ започна со организирање и запишување волонтери подготвени да се борат за светски мир и слобода против руската агресија врз братскиот народ на Украина! Контактирајте не за повеќе информации за тоа како можете да се вклучите!”, напишаа тие на Фејсбук.

Објавата е од пред 6 месеци, но Фејсбук страницата се уште активно функционира и повикува на учество во конфликтот.

Кривичниот зконик на Република Македонија во членот 322-а насловен како “Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации”, предвидува казна затвор од најмалку 5 години за оној кој што регрутира, организира, подготвува група за учество во странска војска (став 1).

Државјаните на Македонија кои спротивно на Закон ќе се обучуваат и очествуваат во странска војска, воена, полициска или параполициска формација ќе се казнат со затвор од најмалку 4 години (став 3)

Законот предвидува и казна за оние кои преку социјалните мрежи ќе врбуваат и повикуваат на учество во странска војска, што значи дека на админстраторите на оваа страна согласно ставот 4 од овој член им следува казна затвор од најмалку 4 години.

Кривичниот Законик предвидува и дека обидот за сторување на ова кривично дело е казнив.

Останува да видиме дали МВР, Обвинителството и останатите надлежни органи ќе реагираат на ваквиот повик од страна на овој таканаречен баталјон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин не отфрла мирно решение на конфликтот…

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на…

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на…

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…