(Фото) Шпанско знаме за Португалија: Од кое одделение беше спорниот учебник? Овој е од осмо!
Некој ќе рече траги-комедија, но ова што се случува со македонските учебници е вистинска трагедија и пробивање на дното во образованието.
Откако во учебниците за петто одделение беа пробајдени погрешни податоци, од висината на Монт Еверест на кој му додадоа 20.000 метри, до промена на местата на Албанија и Бугарија (Албанија ни стана источен, Бугарија западен сосед), охридската пастрмка ја крстија Белвица и низа други катастрофални грешки, родители откриваат грешки и во учебникот по географија за осмо одделение.
Адвокатот Јанаки Митровски на Фејсбук сподели фотографија од учебник по географија за осмо оделение во кое на Португалија ѝ е “дадено” шпанското знаме…

МОН денеска ги повика сите кои ќе забележат грешки во учебниците да ги пријават во Министерството, а министерот Шаќири кажа дека доколку во учебниците има повеќе од 30% грешки, истите ќе бидат целосно повлечени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…