(Фото) Ѓорѓиевски го одбележа доаѓањето на пролетта со еколошка акција: Заедно со “Не биди ѓубре” исчистен потегот кај “Хемтекс”

t

Градоначалникот на Општина Кисела Вода денеска беше дел од акција за чистење на ѓубре во Кисела Вода која е организирана во соработка со “Не биди ѓубре”.

Еве што напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук:

“Доаѓањето на пролетта е нова радост и повторно раѓање на природата.А како би се радувале на пролетта ако природата е загадена?

Денес се погриживме за тоа.Заедно со граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре” предводени од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, Волонтерски Центар Скопје, сезонските работници, општинската администрација и други доброволци го расчистувавме потегот кај ,,Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче.

Се екипиравме над 70 луѓе во една масовна акција за да придонесеме во почиста животна средина.Од ова место, се собраа огромни количини на отпад кој потоа со камиони беше пренесен на депонијата во Дрисла.

Ова до денес место претворено во депонија, сега доби поубав лик, а во иднина ќе се потрудиме да го оплемениме со зеленило, дрвца, пешачка патека бидејќи е често посетувано место од нашите сограѓани.

Денес испраќаме и една силна порака, порака на разум и одговорност!

Чистата животна средина значи и подобро здравје за сите нас и нашите деца. Затоа да ја чуваме, негуваме, да бидеме општествено одговорни и да поттикнеме и подигнеме свеста и кај другите да го променат односот кон природата.

Една е, немаме резервна и колку ќе ја негуваме – таква и ќе имаме. Сакам лично да се заблагодарам на сите кои денес дадоа свој придонес во овој убав настан кој живот значи, посебно до ,,Не биди ѓубре” кои преку своите активности влеваат надеж дека сето ова ќе се промени.

Договоривме и следни активности во подобрувањето на чистотата на животната средина.Ја имаат мојата поддршка и заедно ќе направиме уште многу вакви настани. Да бидеме одговорни, секој нека биде чувар на својата животна средина! – напиша Ѓроѓиевски на Фејсбук.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/1OrceGj

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 100.000 евра казна за Орце Ѓорѓиевски…

Речиси 90.000 евра казна во денарска противредност…

Секој жител на Македонија лани создал 467…

Вкупното количество на создаден комунален отпад во…

(Видео) Филмска акција на МВР: Запленета дрога…

На 14.04.2023 полициски службеници од Одделот за…

10.000 тони ѓубре “го красат” Париз

Работниците на комуналните претпријатија во Париз, кои…

Запленети половина тон тутун за наргиле и…

Во заедничка акција на инспектори од Секторот…