(Фото)Арсовска и Ѓорѓиевски присуствуваа на роденден во Клубот за деца и лица со церебрална парализа

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска присуствуваа на роденденска прослава во Клубот за деца и лица со церебрална парализа.

– Вечерва во Клубот за деца и лица со церебрална парализа го прославивме роденденот на мојата другарка Нена.

Роденденот е посебен ден, а главното задоволство е дувањето на свеќичките од тортата.

Така беше и вечерва кај Нена, на кој заедно со градоначалничката Данела Арсовска поминавме прекрасни моменти и бевме опкружени со љубовта на овие дечиња.

Забавата и песната беа присутни во текот на целата вечер, а мојот син Ведран си стекна нови другарчиња.

Среќен роденден Нена, заедно да си прославиме уште многу родендени!

Чичко Орце е секогаш тука за вас!, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

И Арсовска ѝ го честиташе роденденот на Нена:

“Вечерва роденденот на Нена го прославивме во клубот за деца и лица со церебрална парализа во Кисела Вода. Среќен роденден сонце, уште многу убави родендени да прославиме заедно со дружба и песна како вечерва. Јас и градот Скопје ќе направиме сè што можеме животот да ви биде исполнет со радости, побезбеден и посреќен.”, напиша градоначалничката на Фејсбук.

ЛИНК од објавата на Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…