(Фото) Ќерката на Ѓоковиќ стана прваче

t

Тара, ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ, денеска на 2-ри септември го слави седмиот роденден и тргнува во прво одделение.

Мајката Јелена ги сподели своите емоции на Инстаграм, посочувајќи како Тара и нејзиниот брат Стефан брзо пораснале.

„Боже, колку брзо растат“ – напиша Јелена со слика од сенките на која позира со Стефан и Тара.

Последните денови од август Ѓоковиќ ги помина активно подготвувајќи се за стартот на учебната година.

Стефан тргнува во четврто одделение, додека Тара годинава првпат ќе седне на училишната клупа.

На нејзиниот седми роденден, 2-ри септември, Тара започнува ново поглавје во нејзиниот живот.

Кога Стефан тргна на училиште во 2021 година, медиумите се фокусираа на прашањето каде ќе го започне своето образование синот на славниот тенисер.

-Новак и Јелена решија нивниот син да има детство, што е можно повеќе, како и другите деца и пријатели од училиште со кои ќе се дружи и ќе си ги извршува домашните задачи исто како и тие, рече тогаш извор за српските медиуми.

Стефан е запишан во приватно училиште во Србија кое се истакнува по својот специфичен пристап кон работата со деца.

Јелена внимателно го избра училиштето за Стефан, а посебно внимание посвети да избере училиште за својата ќерка. Тара нема да учи во обично училиште.

-Јелена избра училиште во кое наставата не трае 45 минути, родителите се активно вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни, додава изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…