(Фото) Ќе реагира ли МВР? Шкупи и Шкендија како да играа во Тирана – дури и билетите беа националистички..
Да залута странец на денешната пресметка помеѓу Шкупи и Шкендија на Чаир ќе остане збунет и во прашалници мислејќи дека се транспортирал во друга држава, бидејќи иако свеста му вели дека се уште е во Македонија се околу него го асоцира дека присуствува на натпревар во Тирана или во Приштина.
Албанската националистичка иконографија на средбите на дел од прволигашите веќе стана редовна појава, но овој пат се претера бидејќи сѐ поврзано со овој дуел, почнувајќи од најавата па до продажбата на билетите, асоцира на сѐ освен на натпревар од македонското првенство. Ова почна со завчерашното видео објавено од чаирчани каде што почна најавата на „албанското дерби“, во кое ама баш со ништо не се споменува дека се игра во Македонија, а кулминира со билетите кои домашниот тим ги пушти во продажба.

Спорни (за нашата држава и регионот) личности од албанската историја доминираат на парчето хартија без кое не можеше да се влезе на стадионот „Чаир“, залепени врз огромно албанско знаме и зборовите „албанско дерби“ кои доминираат. На билетот нема ни М од нешто поврзано со Македонија ниту, пак, знаме на државата во која се игра средбата, а единствен „компромис“ е ставањето на логото на Првата лига на кое нема никакви обележја карактеристични за нашата земја.
Ќе реагираaт ли МВР и ФФМ на ова, останува да видиме..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…
Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…
Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…
Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…
Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…
Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…