(Фото) MВР подготвено за „војна“: Досега невидена бројка на полиција подготвена да ја брани Владата од народот
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа информации дека досега невидена бројка на припадници на МВР вечерва е ангажирана пред Владата на Република Македонија поради големиот сенароден протест.
На протест повикаа сите опозициони партии, а поддршка има и од дел од власта, причината за протестот во 19:00 часот е францускиот предлог со кој сите барања на соседна Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.
Полицијата вечерва очекува огромна бројка на граѓани кои пред Владата ќе го изразат својот револт од францускиот предлог кој беше прифатен од македонската Влада.
Неофицијално се ангажирани и полицајци од другите градови како и обични униформирани полицајци кои никогаш не биле ангажирани за време на протести.
По се изгледа МВР се подготвува за пеколна вечер бидејќи народот не може повеќе да ги трпи неправдите.
Од 19:00 протестот во живо можете да го следите на официјалната Фејсбук страница на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…
НАТО помага во координацијата за Ормускиот Теснец,…
НАТО одржа видеоконференција со сојузниците за можен…