(Фото) Арсовска ги однесе новинарите во куќите и дворовите за кои Шилегов тврдеше дека спровел експропријација

t

Мост кој води во дневната соба на граѓаните, вака попладнево градоначалничката Данела Арсовска ја објасни накратко затекнатата ситуацијата и состојба околу мостот AСНОМ.

Сепак градоначалничката истакна дека таа и градот посветено работат на решавање на проблемите кои ги креирало претходното раководство на општината потенцирајќи дека сите спорни предмети околу експропријацита ќе се решат за проектот да може во целост да се реализира.

Арсовска им даде шанса на новинарите од прва рака со свои очи да ја видат состојбата на теренот да видат колку домови се во прашање, домови со кои граѓаните имаат емотивна поврзаност.

Она што беше забележително е дека навистина улицата која продолжува после мостот завршува во дел од дневните соби на граѓаните, кај дел од нив завршува во нивните дворови.

Сепак Арсовска го пофали успехот на актуелната админситрација која за само четири месеци реши повеќе од двојно спорни предмети за мостот на АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години.

-Од 2018 година кога е започнат проектот имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години успеале да решат 31 предмет, a за 8 влегле во постапка на спроведување. Ние само за четири месеци решивме 82 предмети, истакна градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер…

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе…

Американската помош за Украина ќе испрати порака…

МОН: Ќе се одработува и Самитот на…

Министерството за образование и наука информира дека…

(Фото) Македонија му е во срцето: Ова…

На собирот во Мелник пред неколку денови…

Грција зафатена од прашина од Сахара

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција,…