Франција бара од Приштина веднаш да ја суспендира одлуката за забрана на динарот
Министерството за надворешни работи на Франција побара итно суспендирање на одлуката на Приштина за забрана на користењето на динарот, наведувајќи дека решението за ова прашање треба да се најде во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што го води Европската Унија.
Во соопштението од француското Министерство за надворешни работи, се наведува дека Париз е загрижен поради одлуката на Приштина да одобри само еврото за готовински трансакции на Косово.
Нагласено е дека оваа одлука донесена набрзина и некоординирано ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањето во српски динари, пренесува РТС.
Во недостиг на алтернативни решенија до денес, Франција бара итно суспендирање на оваа мерка за да се обезбеди доволен преоден период. Ги повикуваме косовските власти да најдат решение преку преговори во рамките на дијалогот што го води Европската Унија – се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…