Франција дискретно им се извини на САД
Франција изрази жалење поради објавата на својата постојана мисија при ОН во Женева, со која во јули беа упатени критики кон САД во врска со нивната посветеност на човековите права. Потегот предизвика дипломатски спор меѓу Париз и Вашингтон и го одложи пристигнувањето на новиот француски амбасадор во САД, објави „Ле Монд“.
„Постојаната мисија на Франција при ОН во Женева жали поради пораката објавена на 25 јули на платформата Икс, со која беше доведена во прашање посветеноста на САД кон човековите права“, се наведува во соопштението на француската мисија.
Од Париз појаснија дека разликата во ставовите со Вашингтон се однесувала на едно гласање, а не на самата заштита на човековите права.
Француската мисија претходно ги критикуваше САД затоа што заедно со Русија и Северна Кореја гласале против продолжувањето на мандатот на високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк. По критиките, американскиот претставник ја напуштил седницата на Советот за човекови права додека зборувал претставникот на Франција.
Според дипломатски извори, Вашингтон размислувал и да го блокира именувањето на новиот француски амбасадор во САД. Француското жалење сега би можело да го отвори патот за одобрување на именувањето на Орелиен Лешевалие.
Лешевалие, поранешен советник во Елисејската палата, моментно е шеф на кабинетот на францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Париз планирал тој да ја преземе амбасадорската функција во Вашингтон до септември.
Спорот меѓу двете земји започна по гласањето во Генералното собрание на ОН, кога САД беа меѓу десетте држави кои гласаа против продолжување на четиригодишниот мандат на Турк. По гласањето, француската мисија на Икс напиша дека САД „некогаш биле светилник на човековите права, но дека повеќе не се“.
Американскиот амбасадор при ОН, Мајк Волц, одговори дека Франција со критиките се обидува да го одвлече вниманието од својата поддршка за Турк, оценувајќи го потегот како „разочарувачки, иако не и изненадувачки“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…
Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…
Јаневска за истрагата на УГД Штип: Секогаш…
Секогаш ќе има поединци што ќе го…
(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…
Македонија се позиционира како значаен енергетски и…
Трагедија во Богданци: Пронајден мртов 21-годишник покрај…
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…