Франција: Родител на ученик осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ѝ ја отсече главата на наставничката
Таткото на ученик од петто одделение е осуден на шест месеци затвор бидејќи ѝ се заканил на наставничката дека ќе ѝ ја отсече главата, за време на инцидент што се случил на почетокот на септември во училиште во Фога, јужно од Тулуз.
Според обвинителството, родителот ѝ се заканил на наставничката на 4 септември поради казна што таа му ја изрекла на неговото дете, пренесува телевизијата БФМ (BFM).
Тој вчера се појави пред судот во забрзана постапка; по изрекувањето на шестмесечната затворска казна, веднаш беше спроведен во затворот Сес (Seysses).
Дополнително, му е забрането да се приближува до училиштето или до наставничката во наредните три години, како и да носи оружје во текот на следната година.
Со пресудата исто така се наложува тој да посетува курс за граѓанско образование и да ѝ исплати на наставничката симболична сума од едно евро.
Јавниот обвинител побара казна од шест месеци со примена на електронска нараквица за следење, како и забрана за контакт со жртвата или за појавување во близина на училиштето во траење од три години.
За време на рочиштето, обвинетиот – роден во Тулуз во 1979 година – изјави дека „нема зборови со кои би го објаснил“ своето однесување.
Жан-Мари Пиге, градоначалникот на Фога, претходно изјави дека ученикот бил недисциплиниран на часот, поради што наставничката го испратила во друга училница за да се смири. Според градоначалникот, таткото потоа ја чекал наставничката на училишниот паркинг и ѝ се заканил, обвинувајќи ја дека го „тероризира неговиот син“.
Тој има пет претходни осуди – главно за сообраќајни прекршоци – и вчера повеќепати изјави дека „искрено жали за ситуацијата“.
„Јас не сум навистина насилен човек; никогаш дури ниту сум се расправал со некого“, изјави тој пред судот.
Францускиот министер за образование, Едуар Жефре, ги опиша заканите упатени кон наставничката како „исклучително сериозни“ и изрази поддршка за наставничката, нејзините колеги, учениците и нивните семејства.
Веднаш беше поднесена официјална пријава против родителот, додека на наставничката ѝ беше обезбедена институционална правна заштита. Жефре исто така најави покренување постапка за евентуално префрлање на ученикот во друго училиште, во согласност со новите мерки чија цел е заштита на просветните работници од закани и насилство од страна на родителите.
Во понеделникот, наставниците во училиштето ја прекинаа работата, користејќи го своето право да се повле,чат од работното место, а училишните инспектори извршија увид на лице место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција: Родител на ученик осуден на шест…
Таткото на ученик од петто одделение е…
Хутите ја прошируваат контролата врз теснецот Баб…
Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, ја презедоа…
Европа може да сонува да се натпреварува…
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…
Сончево и топло со мала до умерена…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Гори во Македонски Брод и Чучер Сандево,…
На ден 10/11.09.2026 година, до 07:30 часот,…
