Франција се понуди да помогне во дебатата „Чив е Гоце Делчев?“

t

Маричиќ и Османи, како што велат во нивните изјави, го информирале Бон за разговорите помеѓу новите влади во Македонија и Бугарија и изразиле надеж дека ќе донесат резултати за изнаоѓање решение. Вицепремиерот за европски прашања вели дека земјава сака да ги подготви македонските институции за преговорите и порачува дека пристапните процеси ќе траат повеќе од една деценија, но институциите мора да останат на реформскиот пат. Шефот на дипломатијата, пак, осврнувајќи се на средбата со Бон вели дека добиле јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција, како и за подготвеноста на земјата за почеток на преговорите.

Франција е на располагање да помогне и да го олесни процесот на разговори помеѓу Македонија и Бугарија, вели францускиот државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон, по средбата што вчера ја имаше во Париз со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Бон во изјавата ја поздравува новата динамика на дијалогот помеѓу Скопје и Софија и изразува надеж дена во наредните недели или месеци ќе може да се отворат дискусиите за преговарачката рамка, чие одобрување беше блокирано со бугарското вето.

„Ние ве поттикнуваме и охрабруваме во овој процес и во овие разговор. Во улогата што ја имаме како претседателство со ЕУ и членки на ЕУ, ве охрабруваме во овие дискусии и ќе бидеме на располагање целосно достапни да го поддржиме, помогнеме или да го олесниме процесот. Се надевам дека во наредните недели, во наредните месеци ќе можеме да ја надминеме оваа етапа за отворање на дискусиите околу преговарачката рамка што беше предложена пред неколку месеци бидејќи е многу важно за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан и на Европската Унија, воопшто. Значи, ние сме посветени, оптимисти и претпазливи бидејќи дискусиите сè уште траат. Верувам дека постои добра волја, во дискусиите меѓу Софија и Скопје, но и во Европската Унија. Значи мислам дека ќе имаме добри резултати во следните недели“, вели Бон.

Тој потсетува и дека во јуни, како што најави и претседателот Емануел Макрон, Франција ќе организира посебна Конференција за Западен Балкан. Според Бон, таа ќе биде поинаква, но со позитивни иницијативи во однос на еколошките транзиции и инвестиции и во многу други многу конкретни области со цел за да се подобри целосната слика на регионот.

Маричиќ и Османи, како што велат во нивните изјави, го информирале Бон за разговорите помеѓу новите влади во Македонија и Бугарија и изразиле надеж дека ќе донесат резултати за изнаоѓање решение.

Вицепремиерот за европски прашања вели дека земјава сака да ги подготви македонските институции за преговорите и порачува дека пристапните процеси ќе траат повеќе од една деценија, но институциите мора да останат на реформскиот пат.

„Сакаме да ја прошириме нашата заложба за зајакнување на нашите институции и да ги подготвиме заедно со Европската Комисија и земјите членки, вклучувајќи ја и Франција за зајакнување на нашите институции и нивната подготвеност за почеток на пристапните преговори. Пристапните преговори се процес кој ќе трае долго, повеќе од една деценија, но многу е важно за нас да се зачуваат нашите институции во рамката на реформските процеси, да се задржи позитивната трансформација на нашите политиките и приспособувањето кон европските политики и законодавство. Се разбира, секако да се зачува фокусот на Европската Унија кон Западен Балкан, но исто така и да се чува Западен Балкан на ’шините‘ на правилата и вредностите на Унијата“,

вели Маричиќ.
Вицепремиерот нагласува и дека земјава е благодарна што француското претседателство има цврста програма за Западен Балкан во текот на овие шест месеци и порачува дека Македонија е спремна да испорача резултати и ја очекува француската поддршка во реформите.

Шефот на дипломатијата, пак, осврнувајќи се на средбата со Бон вели дека добиле јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција, како и за подготвеноста на земјата за почеток на преговорите.

„Го информирав господинот Клеман Бон за создадената нова политичка клима меѓу двете нови влади во Македонија и Бугарија, која очигледно покажува една нова енергија, нова иницијатива во нашите меѓусебни односи, што говори и за сериозноста и посветеноста на двете земји за да се постигне напредок. Ние ги разбираме грижите на ЕУ и потребата за трансформација на Унијата и за нејзино продлабочување пред нејзиното проширување. И нашата позиција е тука јасна – ние силно ја поддржуваме Конференцијата за Иднината на Европа, особено во контекст и на новата Методологија за преговарање, која ја сметаме и за еден успешен предвесник на целиот процес“,

вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…