Објавено на:

Франција се приклучи на програмата за истражување на Месечината

t

Франција се приклучи на програмата за идно истражување на Месечината управувана од САД, со потпишување на „Договорите Артемис“ кои предвидуваат создавање „безбедни зони“ за заштита на вонземски ресурси, јави дописникот на МИА.

Така, Франција станува 20-та земја (по Канада, Јапонија, Обединетото Кралство, Украина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Бразил итн.) која се приклучува на овој нов бран на пацифистички вселенски истражувања, прецизира Националниот центар за вселенски студии (ЦНЕС), Француската вселенска агенција. Нејзиниот извршен директор Филип Баптист приклучувањето на Франција го потпиша во Вашингтон, текстот на декларацијата позната како „Артемис договори“ во присуство на претставникот на НАСА, Бил Нелсон,.

Американската програма има за цел да ги врати астронаутите на Месечината околу 2025 година, повеќе од 50 години по историското слетување на Месечината на мисијата Аполо 11, за на крај да воспостави трајно човечко присуство таму. Исто така, предвидува изградба на станица која ќе се составува во орбитата на Месечината од 2024 година, Лунарната порта, идна отскочна штица за подалечни летови со екипаж.

Договорите на Артемис се збир од билатерални договори со САД, кои се надоврзуваат на меѓународниот договор од 1967 година за регулирање на вселената, за да се соочат со нови предизвици и да продолжат да се вбројуваат меѓу големите вселенски сили, изјави Филип Баптист, цитиран во соопштение за печатот.

Земјите потписнички се придржуваат до десетина принципи кои се однесуваат на нивните идни активности на Месечината, но и на Марс или астероидите: транспарентност на мисиите, интероперабилност на системите, помош на персоналот во случај на неволја, споделување на научни податоци, зачувување на историски места.  Поконтроверзна мерка предвидува можност за разграничување на „безбедните зони“ за да се избегне „штетно мешање“ од трета страна, особено за заштита на експлоатација на ресурси, како што е лунарната вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…