Франција спрема маски за три месеци – Сите контакти на заразените со хантавирус се негативни
Француското Министерство за здравство соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразените од хантавирус во земјата се тестирани и нивните резултати засега се негативни.
И покрај негативните тестови, вкупно 26 лица се ставени во строга болничка изолација како мерка на претпазливост.
Одлуката за карантин е донесена поради исклучителната сериозност на овој вирус, чија стапка на смртност се движи помеѓу 30 и 40 проценти, но и поради долгиот период на инкубација кој трае до 42 дена.
„Преносот на други лица засега може да се исклучи. Изолираните лица ќе бидат под постојан медицински надзор и ќе се тестираат трипати неделно“, изјави министерката за здравство, Стефани Рист.
Меѓу хоспитализираните лица кои биле во контакт со почината холандска државјанка, има и четири деца на училишна возраст.
Додека трае медицинскиот надзор, една француска државјанка се наоѓа во критична состојба на интензивна нега и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови поради тешки срцеви и белодробни компликации.
Земјата веќе ги подготвува стратешките резерви во случај на евентуална епидемија.
Од кабинетот на францускиот премиер уверуваат дека залихите на заштитни маски се доволни за покривање на потребите на целата нација во период од најмалку три месеци
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…