Франција урива светски рекорди во ново-заразени

t

Во Франција во последните 24 часа се регистрирани уште 67.461 случај од новиот вид на коронавирус, јавува Агенција Анадолија.

Според последните податоци кои ги објави Агенцијата за јавно здравство, во целата земја забележан е 67.461 нов случај на заразата со Ковид-19, а 181 лице починало како последица од болеста.

Бројот на умрени од почетокот на епидемијата е 124.212 лица.

Во болниците се лечат 19.606 лица, од кои 3.654 на одделите за интензивна нега.

Министерството за здравство соопшти дека 52.927.791 лице, што одговара на 78,5 отсто од француската популација примило најмалку една доза од вакцината.

Во Франција во петок, со 232.200 случаи е забележан најголемиот број на заболени од почетокот на епидемијата со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…