Франција ѝ испраќа воена помош во вредност од 3,2 милијарди евра на Украина
Француската воена помош за Украина се проценува дека изнесува 3,2 милијарди евра, се наведува во парламентарниот извештај претставен пред Комитетот за одбрана и вооружени сили на францускиот Парламент, информира МИА.
Трошоците за воената опрема предадена на Украина го сочинуваат најголемиот дел од вкупниот износ, кој изнесува 1,7 милијарди евра ако се земат предвид трошоците за замена. На ова се додаваат трошоците за обуката што ја обезбедија француските вооружени сили на 7.000 украински војници во износ од 300 милиони евра, придонесот на Франција во Европскиот мировен механизам изнесува 1 милијарда евра и 200 милиони евра за фондот за поддршка на Украина.
„Ова е бруто износ што ќе биде распрределен со текот на времето до 2027 година поради замена на опремата предадена на Украина“, објасни пратеникот Лионел Роаје-Перо, известувач на мисијата за проверка на факти за француската воена поддршка за Украина.
Според него, враќањето на средствата од европскиот механизам, во кој Франција учествува со 18 отсто или 500 милиони евра, „ќе го намали“ и износот на финансиското учество на Париз во воената помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…