Французин сокрил Тајланѓанка во куфер и се обидел да ја прошверцува од Албанија
Албанските погранични власти на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, привеле француски државјанин кој се обидел да транспортира Тајланѓанка скриена во куфер .
– Уапсен е Том Хаак, 26-годишен, со француско државјанство. При преглед на неговото возило на граничниот премин Муриќан, службите на граничната полиција пронашле куфер на задното седиште, во кој била скриена тајландска државјанка. Станува збор за обид нелегално да ја изнесе од територијата на Република Албанија, се наведува во полициското соопштение.
Преку територијата на Црна Гора, а потоа и Хрватска, крајна дестинација требало да биде Франција, избегнувајќи ги законските процедури за минување на границата.
Според полицијата и двајцата се во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…