Објавено на:

Француската министерка за Европа: Се надеваме дека Македонија ќе ги исполни обврските од францускиот предлог

t

Бун оцени дека проширувањето има клучна улога за безбедноста на континентот.

Франција очекува Македонија да ги спроведе преземените обврски за да продолжи по евроинтегративниот пат – ова е пораката која француската државна секретарка за Европа Лоренс Бун ја упати по средбата со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел во Софија. Бун оцени дека проширувањето има клучна улога за безбедноста на континентот, но притоа важно е земјите-кандидатки да ги исполнат сите услови и реформи за тоа. Слична порака таа испрати и во јули годинава кога беше во дводневна посета на земјава како дел од „Вајмарската тројка“.

-Се надеваме искрено дека Македонија ќе продолжи забрзано по патот на спроведување на договорите и обврските кои ги презема во јули 2022 година. Како што споменав, проширувањето со сите земји-кандидатки е многу важно за нашата геополитичка безбедност. Но, исто така очекуваме да се исполнат условите или реформите, како што и ние самите треба да направиме реформи. – Лоренс Бун- Државна секретарка за европски прашања на Франција

Шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел пак, нагласи дека Софија нема да поставува нови услови кон Македонија, но бара да бидат исполнети сите делови од како што кажа, постигнатиот компромис меѓу двете земји.

– Нотиравме дека Бугарија продолжува да води конструктивен и транспарентен пристап кон Македонија. Никогаш немала и нема намера да поставува нови услови кон Скопје и стоиме на тоа да бидат исполнети трите меѓусебно поврзани компоненти на постигнатиот компромис од јули 2022 година. Заклучокот на Советот, Преговарачката рамка и заедничките протоколи на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година. – Марија Габриел – Министерка за надворешни работи на Бугарија

Евроинтегративната перспективата на регионот ќе биде тема и на состанокот од Берлинскиот процес во Тирана во понеделник каде ќе учествува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. На состанокот присутни ќе бидат германскиот канцелар Олаф Шолц како и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој во неколку наврати истакна дека ЕУ и земјите-кандидатки мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…