Француската царина заплени 12 тони шверцуван тутун, односно 600.000 кутии
Француската царина заплени 12 тони шверцуван тутун, односно 600.000 кутии цигари во вредност од шест милиони евра, во камион кој пристигнал од Белгија, соопштија денеска локалните власти.
Шверцот со тутун стана индустријализиран во последниве години, со зголемено количество цигари што се произведуваат во Европа, особено во Полска и од неодамна во Белгија, за европскиот пазар.
Камионот, регистриран во Романија, бил пресретнат во вторникот при рутинска контрола на автопат кон Париз, соопшти обвинителството.
Возачот од молдавска националност е приведен.
– Начинот на кој бил организиран превозот сугерира дека возачот знаел дека се занимава со превоз на нелегална стока, додаваат од обвинителството.
Во камионот биле пронајдени 30 палети кутии цигари Марлборо и Винстон, кои биле подготвени за продажба.
Француската Влада оваа недела објави дека сака да ги зголеми кривичните казни против шверцерите на тутун. Лани биле запленети 645 тони тутун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛАРМАНТНО: Двесте до триста пациенти на 100.000…
Годишно, на 100.000 жители има од 200…
Трамп прогласи вонредна состојба поради безбедносни ризици…
Американскиот претседател Доналд Трамп на 26 август…
Клековски со детали за акцијата на МВР…
Двојна наплата на здравствени услуги. Операција на…
Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
Кристин Лагард заминува од челната позиција во…
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард,…