Француските земјоделци со трактори на втор протест во Париз
Француските земјоделци синоќа по втор пат за една недела донесоа трактори во Париз за да протестираат против трговскиот договор меѓу ЕУ и Меркосур, за кој велат дека го загрозува локалното земјоделство со создавање нелојална конкуренција со поевтиниот увоз од Јужна Америка, пренесува Франс24.
Земјоделците во Франција, најголемиот земјоделски производител во Европската Унија, и други земји-членки протестираат со месеци поради договорот меѓу ЕУ и Меркосур и мноштво други локални прашања.
Француските земјоделци држеа транспарент на кој пишува „Селскиот бунт се врати во Версај!“.
Дамиен Грефин грчки земјоделец и потпретседател на FNSEA, едн од најголемите земјоделски синдикати во Франција, рече дека покрај протестот пред францускиот парламент, тие планираат да протестираат и пред Европскиот парламент во Стразбур на 20 јануари.
Одобрувањето на договорот со Меркосур од страна на повеќето земји-членки на ЕУ во петокот, и покрај отфрлањето од страна на Франција, го засили притисокот врз владата од страна на земјоделците и опозициските партии, од кои некои поднесоа барања за недоверба.
„Земјоделството поминува низ криза каква што никогаш не сме виделе и треба да се слушнеме“, рече Гијом Лефорт, земјоделец од Сена и Марн во парискиот регион, држејќи знаме на FNSEA пред зградата на парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Скај њуз“: Британските војници би можеле да…
Британските војници би имале дозвола да возвратат…
Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата…
Советник на Галибаф тврди дека Иран брзо…
Мехди Мохамади, советник на претседателот на иранскиот…
Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми…
Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение…
Трамп се пошегува дека би станал премиер…
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за…