Француски европратеник: Ако Србија воведе санкции за Русија следно е признавање на Косово!
Пратеникот на Европскиот парламент од Франција, Тиери Маријани, изјави дека Србија ја очекува постојаното условување и оцени дека земјата сега оди по патот на независноста на поранешниот француски претседател, генерал Шарл де Гол.
„ЕУ премина од унија која воспостави економски принцип во унија која наметнува политички модел. Гледам дека Србија нема желба да попушти пред европскиот притисок. Франција е една од земјите основачи на ЕУ. Генералот Де Гол сакаше независна Европа која ќе ги почитува нациите. Токму таа политика денес ја води Србија и треба да се води“, изјави Маријани за Вечерње новости, пренесе Танјуг.
Тој рече дека се восхитува на изборот на Србија да не воведе санкции кон Русија и дека нашата земја не ризикува да и се воведат казнени мерки, но дека треба да очекуваме некаква реакција од ЕУ.
„Она што ризикувате е да се намали европската помош. Ако воведете санкции, подоцна ќе бараат да го признаете Косово. На крајот на краиштата, тоа е она што веќе од вас бараат“, рече Маријани.
Тој не сакаше да каже што треба да направи Србија во однос на Косово, но посочи дека тоа е прашање за кое државата треба суверено да одлучува.
„На Србите не им треба совет од странци. Разбирам дека една земја не сака да ја промени својата историја. Секоја земја треба да ја почитува својата историја. Ако некој, на пример, побарал Денот на независноста на Корзика, за тоа треба да одлучува францускиот народ, а не ЕУ“, заклучи Маријани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…
Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…