Објавено на:

Фриц Зергел се сомнева во Надал: Користел недозволени третмани?

t

Германскиот лекар, Фриц Зергел го сомничи Рафаел Надал за допинг, нешто што се шпекулира со години уназад.

Рафаел Надал го победи Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, го освои 14. трофеј во Париз, а 22. во кариерата.

Надал со месеци зборуваше дека има сериозни проблеми со повредата на стапалото поради која беше подложен на специјален третман. Како што откриваше пред секој натпревар, добиваше инјекција во нервот на стапалото за да го „вкочани“.

Надал беше цел на допинг?

Се шпекулира дали овој третман е воопшто дозволен, а меѓу првите кои со години се сомневаат на Надал е германскиот лекар Фриц Зергел од Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг.

- Надал покажа некои абнормалности. Имам траен сомнеж за тоа што го прави и за неговата регенерација и целиот негов атлетизам. Исто така, Надал доаѓа од Шпанија, од земја која не е многу позната по тоа што многу внимателно ги следи своите херои - изјави Фриц Зергел за „Спорт1“ и без сомнение ќе го размрда „белиот спорт“ по овие зборови.

Фриц потоа ја наведе Мартина Хингис како пример, која била позитивна на кокаин и се правдала дека „дрогата била измешана во сок од портокал“. Суспендирана е и Марија Шарапова поради земање мелдониум.

-Случувањата ги следам со децении. Тенисот е во првите четири спортови кога е во прашање допингот. Постои сомнеж дека во тенисот има повеќе анаболни материи, а сомнежот е сосема оправдан. Причината е интензитетот на спортот. Ова не е само чиста шпекулација, туку разгледување на сите врски внатре и надвор од турнирот - истакна Зергел, кој покрај тенисот најмногу се сомнева во ски биатлонот, атлетиката и велосипедизмот.

-Влијателните спортисти имаат околу себе, „професионална средина“ која се грижи за исхраната. Знаат како функционира телото на штитеникот и кога ќе ги достигне границите кои нема да го надминат дозволеното. Има доволно техники за да се прикрие применетиот допинг – додаде Германецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на…

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци…

Калин Ивановски повторно со најдобар ранг на…

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го…

Ѓоковиќ бетониран на чело на АТП листата,…

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од…

Му се заканува 4-годишна суспензија: Погба повторно…

Францускиот фудбалер, членот на торински Јувентус –…

Алкараз ќе се фокусира само на Гренд…

Со цел да не се повреди како…