Фрчовски се враќа дома поради финансиски малверзации?

t

Поради финансиски малверзации и непостапување по добиени насоки од страна на МНР, Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на консултации дознава Канал 5. Според нивни извори големи се шансите тој да биде отповикан од позицијата амбасадор.

Според „Канал 5“ причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

Финансиската недисциплина, како што тврди Канал 5 е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи.
Извор Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…

Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…

„Тешко е да се живее со депресија“…

„Тешко е да се живее со депресија“,…

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…

Зеленски го осуди договорот на Трамп со…

Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…

Над 300 милиони луѓе во светот немаат…

На 10 октомври секоја година се одбележува…