Фудбал и политика: Газдата на Шахтјор продал играч на Челзи за да ја вооружува украинската војска
Богатиот газда на Шахтјор Ахметов објави дека одреден дел од парите од трансферот на Михајло Мудрик ги дал на украинската војска.
– Прво и основно, сакам да му се заблагодарам на целиот цивилизиран свет што и помогна на Украина. Денес можеме да зборуваме за нашиот фудбал благодарение на нашата армија, нашиот народ и огромната поддршка од целиот свет. Само со заеднички сили ќе го победиме злото што пристигна во нашите домови.
Детално објасни зошто тоа го сторил.
– Никогаш не сум криел дека сон ми е да освојувам трофеи со Шахтјор. Тоа значи дека играчите како Мудрик треба да останат во нашиот клуб, во нашата лига. За жал, тоа сега е невозможно, бидејќи Русија води страшна и неправедна војна против Украина. Но, уверен сум дека ќе победиме. Можам да објавам дека договоривме пријателски натпревар против Челзи, на Донбас Арената, во Доњецк, Украина. За таа цел, донесов одлука да го започнам проектот „Срцето на Азовстал“, дизајниран да им помогне на бранителите на Мариупол и на семејствата на паднатите борци. Нивните акти на храброст се неспоредливи во модерната историја. Денеска издвојувам 20.000.000 фунти за нив – да им помогнам на нашите војници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…