Функционери на ДУИ од Чаир против градоначалнникот Висар Ганиу

t

Група функционери на ДУИ од партискиот огранок во Чаир денеска со отворено писмо се противат на однесувањето на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и велат дека застануваат зад лидерот на партијата Ахмети, меѓутоа се длабоко разочарани од употребениот навредлив јазик на градоначалнкот.

– Ние, потписниците на ова писмо, високи членови на огранокот на ДУИ во Чаир и другите локални и централни партиски тела сме особено загрижени за околностите во нашите локални структури од причина што од изборот до денес, цели три годни, не се одржа состанок на огранокот на ДУИ во Чаир, ниту пак е ревидирана реализацијата на ветената локална и централна изборна програма, а никој од одговорните лица не се повикани на одговорност за реализираните или нереализираните проекти, се вели во соопштението на неколку функционери на ДУИ од Чаир.

„Секоја услуга, секој проект ветен пред граѓаните, сме имале можност да го реализираме само затоа што таква можност ни делегираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Затоа, длабоко сме разочарани од индивидуалните јавни реакции на градоначалникот на општина Чаир и се оградуваме од употребениот навредлив јазик и обидите за присвојување и инсталирање на поделба. Воедно, повикуваме веднаш да престане злоупотребата на позицијата за вакви поединечни агенди кои не се во согласност со лидерот Али Ахмети и ДУИ.

Ние недвосмислено го поддржуваме и цврсто стоиме зад лидерот Али Ахмети и ДУИ. Исто така, апелираме ниту еден поединец да не биде повикан во името на огранокот на ДУИ за интеграција на Чаир за лични агенди надвор од политичките определби и програми на нашиот лидер, Али Ахмети и ДУИ“.

Потписници на ова писмо се Назиф Буши, потпретседател, Ардијан Муча, потпретседател, Рами Ќерими, генерален секретар, ветеран на ОВК, Абдилселам Селами, организационен секретар, Амела Кана, претседателка на женскиот форум, Куштрим Ала, претседател на младинскиот форум, Иса Хоти, член на огранокот, Бесник Османи, член на огранок, Бујар Османи, член на централното раководство и портпарол, Назим Буши, член на централното раководство, ветеран на ОВК, Бујар Дардишта, директор, Шаип Зенели, ветеран на ОВК, Илми Селами, заменик директор, Мухарем Асани, ветеран на ОВК, Екрем Буњаку, Незир Барди, ветеран на ОВК, член на генералниот совет, шеф на огранокот, Екрем Нуредини, Менсур Цури, советник во општина Чаир, Енвер Барди, ветеран на ОВК, Екрем Нуредини, ветеран на ОВК, општински советник, Омер Буњаку, Мухамет Заими и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Џафери е добро решение за технички…

Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и…

Таравари: Ќе го поддржиме Џафери за премиер

Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ…

ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на…

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција…

Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…

Левица: Деловникот на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ја озаконува неуставната…

Крајно штетниот Деловник, кој го изгласа здружената…