Функционер во албанска влада учествувал во грабежот на вилата на Карим Бензема
Алфред Продани, доскорешен директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија, бил дел од организирана криминална банда која ограбила најмалку десет елитни вили во Шпанија.
Локалната полиција во Албанија пред неколку часа го уапсила Алфред Продани, кој е висок претставник на владата во Албанија и се очекува да биде испорачан во Шпанија која за него пуштила Интерполова потерница.

Албанецот во Шпанија е обвинет за насилни грабежи на вили меѓу кои и онаа на најдобриот фудбалер на светот сезонава, Карим Бензема од Реал Мадрид во 2019-та година.
Нападот и грабежот на домот на капитенот и лидер на Реал се случил на 27 февруари 2019. година за време на големото Ел класико дерби против Барселона кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на Копа дел Реј. По крајот од мечот кој го доби Барса, Бензема бил известен дека имало насилен грабеж во неговиот дом после што тој бил видно потресен.
Како што соопшти албанската полиција, Продани бил уапсен во градот Љач во северна Албанија кој има околу 18.000 жители во операција под името „Коруња“ во која учествувале полицајци од станицата во Курбин и агенти на Интерпол од Тирана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…