Функционер на Алијанса контра ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Нема да дозволам Арачиново да биде црна овца во државата

t

Поранешниот директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и функционер на Алијанса за Албанците, Дритон Небиу, преку Фејсбук упати проглас до политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, повикувајќи ги да „се ослободат од злобата кон Арачиново“.

Небиу, кој настапува и како политички аналитичар и е магистар по политички науки, прашува: „Сте биле некогаш во Арачиново? Ако сте биле знаете дека митот дека Арачиново е најопасното место во државата не е точен. Ако не сте биле дали е поради стравот дека нешто ќе Ви се случи ако дојдете тука?“

ПОЛИТИЧАРИ ОД ВМРО-СДСМ ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ЗЛОБАТА КОН АРАЧИНОВО

Сте биле некогаш во Арачиново? Ако сте биле знаете дека митот дека Арачиново е најопасното место во државата не е точен. Ако не сте биле дали е поради стравот дека нешто ќе Ви се случи ако дојдете тука?

Со целокупниот свој имот, оставен од мојот покоен татко, со нотарски заверена изјава Ви гарантирам дека никој од овие мирни луѓе кои живеат во Арачиново не само што нема да Ве повреди, туку ќе Ви го даде најголемото гостопримство кое било каде сте го имале.

Лично со својот имот Ви гарантирам, лично со мене можете да се прошетате по најтесните и неасфалтирани улици на Арачиново да видите дека тука не живеат криминалци, туку луѓе кои сите претходни власти ги заборавиле во последните 20 години.

Нема повеќе да дозволам Арачиново да се третира како црна овца во државата. Која и да власт е неспособна да се справи со криминалот – одма го вперува прстот кон Арачиново. Доста ни е од чудни погледи кога некому ќе му кажеш дека си од Арачиново. Доста ни е од тоа дека секој арачиновец е наоружан. Доста ни е од тоа дека сите арачиновци сме дилери.

Кај нас имате доктори на науки, лекари, инженери, магистри…. Имаме ние интелигенција. Но, на некој му требало дежурен кривец и најлесно им било тоа да е Арачиново.

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ РАСКАЖУВААТ НЕЧЕСНИ ПОЛИТИЧАРИ И ЗЛОБНИЦИ ЗА АРАЧИНОВО. МЕ ИМАТЕ МЕНЕ ПИШЕТЕ МИ ДА БИДЕТЕ МОИ ГОСТИ. ДОЈДЕТЕ ДА СЕ УВЕРИТЕ КАКО ОВДЕ СЕ ЖИВЕЕ. ВРАТЕТЕ СЕ НАЗАД КОН ВАШИТЕ КАНАЛИЗАЦИРАНИ И АСФАЛТИРАНИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА И КАЖЕТЕ СИ ВО СЕБЕ – АРАЧИНОВО ИМА СРЦЕ И ДУША – напиша тој на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…