Функционер на ВМРО-ДПМНЕ во први редови на протестот – Дали некој ги манипулира или искористува граѓаните на Шуто Оризари?
Претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари ги организира жителите на Шуто Оризари да протестираат денеска пред Град Скопје?
Официјално, како организатор се појавува градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, меѓутоа во првите редови заедно со Дудуш, е и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демири, кој беше и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неофицијалните информации на Инфомакс, за граѓаните да протестираат биле ангажирани и автобуси кои ќе ги донесат од Шуто Оризари пред Град Скопје.
Инаку Демир беше дел од кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од изборната единица ДВА, на дванаесеттото место.
Демир ја оствари „невозможната“ мисија да стане пратеник, објавија колеги, меѓутоа не му било судено да стане пратеник, па затоа сега организира протести.
Ова е уште еден показател дека кадри на ВМРО-ДПМНЕ, не само што ја креираа кризата во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, откако советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа сите одлуки на Советот поврзани со ЈСП и останатите јавни претпријатија потребни за нормално функционирање на претпријатијата. За трагедијата да биде поголема дури и Бирото за јавни набавки ја саботираше набавката за нафта, па откако ситуацијата ексалира и градот остана без автобуси и граѓаните без јавен превоз, Владата мораше да си ја поправи грешката и на вчерашната вонредна седница одобри државата да му позајми на Градот Скопје дел од државните резерви за функционирање на автобусите додека да се спроведе јавната набавка за нафта.
Дополнително и Бирото за јавни набавки го одблокира процесот за набавка на нафта.
Сами си креираат кризи, сами си протестираат, а се поставува и прашањето дали овде се изманипулирани и граѓани на Општина Шуто Оризари, имајќи предвид дека проблемот со јавниот превоз во Скопје е решен и автобусите на ЈСП нормално сообраќаат низ градот.
Советот на Град Скопје вчера ја поздрави одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за Јавното сообраќајно претпријатие и побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот. На 15-та вонредна седница, координаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок за координирано делување со ЗЕЛС за продолжување на разговорите со Град Скопје.
Градоначалничката Данела Арсовска ја истакна важноста на владината интервенција и објасни дека кризата не била резултат на лошо менаџирање на ЈСП, туку поради поништување на јавната набавка за нафта. Според неа, доколку не била поништена оваа јавна набавка, проблемот немало да постои.
„Она што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс“, рече Арсовска.
Таа посочи дека денеска во рекордно време од Бирото за јавни набавки успеале да добијат одобрение за директна спогодба за да може ЈСП во вакви услови да испреговара и да се снабди со овој енергенс.
„Успеавме од страна на Владата во разговор со претседателот на Владата да добиеме ветување и тоа ветување тој го исполни да ја добиеме потребната количина на горива, односно на нафтени деривати коишто ќе бидат сосема доволни за претпријатието до моментот додека не се склучи новиот договор за да може ЈСП да функционира во нормални услови како што требаше и во изминатите денови“, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…