ФУСТАНОТ НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ ЈА ЗАСЕНИ ВЕНЧАНИЦАТА НА СНААТА: Свилена креација со детали што воодушевуваат!

t

Се ожени синот на Бекам, а гестот од венчавката ги воодушеви присутните

Бруклин Бекам (23), синот на Дејвид и Викторија Бекам, вчера се ожени со американската актерка Никола Пелц (27). Раскошната венчавка се одржа на величествениот имот на семејството Пелц во Палм Бич, кој се простира на повеќе од 4.000 метри квадратни.

Ексклузивни фотографии од венчавката треба да се појават во следното издание на магазинот „Vogue“, па досега можевме само да видиме што направиле најупорните папараци. Познато е дека на венчавката присуствувале принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, тенисерката Серена Вилијамс и актерката Ева Лонгорија, како и дека Дејвид и Викторија биле синоним за ненадминлива елеганција!

Додека поранешниот фудбалер избра класичен црн костум со бела кошула и црна машна, неговата сопруга изгледаше прекрасно во сребрен фустан. Убавата снаа на Бекамови блесна во раскошна бела венчаница, а велот изработен од најфината ткаенина и даде посебен печат на оваа скапоцена креација.

Сепак, најголемо внимание привлече гестот на Бруклин Бекам, кој според магазинот „Дејли мејл“ ги изненадил присутните. Имено, синот на Викторија и Дејвид наводно на своето име го додал презимето на својата сакана во знак на љубов.
„Бруклин ја загуби главата поради Никола и ова е огромен знак за неговата посветеност и неговата љубов“, изјави неименуван извор за „The Sun“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Верувале или не, ова се случи…

Училиште во Србија им забрани на учениците…

ФУСТАНОТ НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ ЈА ЗАСЕНИ ВЕНЧАНИЦАТА…

Се ожени синот на Бекам, а гестот…

Се ожени синот на Дејвид Бекам, го…

Бруклин Бекам и Никол Пелц се венчаа…