ФФМ конечно пресече: Билетите за дуелот против Бугарија во продажба од понеделник

t

Продажбата на билети за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија, на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе почне в понеделник.

Како што денеска објави Фудбалската федерација на Македонија, билетите ќе се продаваат по цена од 250 и 350 денари за Cеверната и Јужната трибина.

Продажбата на билети ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите, а електронска продажба на влезници нема да има.

Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети.

Влезниците ќе се продаваат во Скопје, Велес, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Радовиш.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации, објави ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тирана продолжуваат протестите, студентите закажаа протест…

Во Тирана вечерва повторно се собраа студенти…

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина…

Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази увереност…

Приоритети на американските гласачи се намалување на…

Најновата анкета на американската новинска агенција „Асошиејтед…

Петровска: Ако власта има подобро решение за…

Пратеничката Славјанка Петровска порача дека опозицијата е…

Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска…

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A…