ФФМ почна со имплементација на ВАР системот – одредено е на кои мечеви ќе го има!
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го активира проектниот тим за воведување на ВАР технологијата, со што официјално започнаа активностите за негова имплементација.
Според планот, видео-асистент судиите треба да почнат со работа од сезоната 2025/26, а ФФМ веќе ја информираше УЕФА и ФИФА за тековните подготовки. Проектниот лидер Дејан Јакимовски откри дека е одржан првичен онлајн состанок со ФИФА, на кој биле дефинирани клучните чекори. Предвидено е ВАР да се користи во Првата македонска фудбалска лига, во Купот на Македонија од четвртфиналната фаза, во финалето на женскиот Куп и на бараж-натпреварите за влез во елитното натпреварување.
Планот на ФФМ вклучува централизирана ВАР соба во просториите на федерацијата, а во зависност од изборот на технолошкиот провајдер, натпреварите ќе се следат со најмногу шест камери. Паралелно со техничките подготовки, започнува и обуката на судиите. Во март ќе се одржи дводневна работилница во Скопје, каде што ќе учествуваат експерти од ФИФА, проектниот тим на ФФМ и претставници на судиската и натпреварувачката комисија.
Дополнително, ќе се работи на адаптација на инфраструктурата на стадионите за да ги исполнат минималните услови за ВАР лиценца. Лиценцирањето на судиите, стадионите и централизираната ВАР соба ќе биде под надлежност на ФИФА. Вклучени во проектниот тим се и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…