Објавено на:

ФФМ се огласи за скандалот во Тетово: Отворена постапка против Шкендија

t

Фудбалската федерација на Македонија се огласи соопштение во врска со случувањата на денешниот натпревар на Шкендија против Брера.

На натпреварот во Тетово навивачите на домашниот состав не ја испочитуваа минутата молк пред средбата и во тие моменти пееја песна на УЧК. ФФМ во реакцијата нагласи дека е отворена дисциплинска постапка по која ќе следува и казната која ќе ја добие тетовскиот клуб.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…

Сојуз на борци од Тетово: Не смее…

Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…

ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…

Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…