Објавено на:

ФФМ ја казни Победа за хаосот и навредливите скандирања на мечот против Шкендија Арачиново

t

Хаосот во Прилеп од минатиот викенд го доби својот официјален епилог. Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја соопшти одлуката по инцидентите на натпреварот од Втората лига меѓу ФК Победа и ФК Шкендија Арачиново.

Според ФФМ, ФК Победа АД се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери.

Во саботата по натпреварот од 12. коло на Втората лига, а по повлекувањето на гостите во соблекувалната, се случи инцидент. Еден навивач на Победа го скрши импровизираниот прозорец, ама пред да настане вистински хаос беше со играчите на противничкиот тим беше спречен од страна на полициски службеник.

Шкендија Арачиново славеше со 1-0 против Победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија го совлада Вардар во Скопје

Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…

ФФМ со жесток одговор до Шкендија: Правилата…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение…

Македонија поразена со 4:0, Турција доминираше од…

Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз…

Зајкова за навивачите на Шкендија: Исвиркување на…

Лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова…

Шкендија се правда: Не одбивме медали, поради…

Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација…