Хагари: 31 заложник во Газа се мртви
Портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари денеска изјави дека 31 од преостанатите заложници кои ги држи Хамас во Газа се прогласени за мртви.
– Информиравме 31 семејство дека нивните заробени најблиски повеќе не се меѓу живите и дека ги прогласивме за мртви, рече тој на редовниот брифинг со медиумите.
Израел соопшти дека 136 заложници се уште се држат во Газа.
Во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 250 беа киднапирани. Околу половина од нив беа ослободени за време на привремениот прекин на огнот во ноември во размена за палестински затвореници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…