Хаг им го продолжи притворот на Хашим Тачи и Кадри Весељи

t

Специјализираните совети за злосторствата на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК) во Хаг им го продолжија притворот на поранешните водачи на таа организација, Кадри Весељи и Хашим Тачи, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Продолжен е притворот и за поранешните водачи на ОВК Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, кои исто така две години се во притвор во Хаг под обвинение за воени злосторства, јавува Танјуг.

Причините за продолжување на оваа мерка се ризикот од бегство и можноста за влијание врз сведоци, соопшти судот во Хаг.

Тачи, како и Јакуп Красничи, Кадри Весељи и Реџеп Селими, е обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во повеќе од 40 логори во Косово и во северна Албанија, каде што луѓето беа неоправдано лишени од слобода, мачени и убиени. Тие се соочуваат со доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…