Објавено на:

Хакери велат дека “ги паднале” владините веб-сајтови – Рама демантира

t

По информацијата дека непознати хакери побарале милионска сума од албанската влада за ги вратат владините и јавните веб-страници во функција, се огласи премиерот Еди Рама, кој наведе дека тоа се шпекулации.

„Вестите дека хакери побарале 30 милиони евра од владата, за да ги вратат онлајн услугите во функција, се шпекуплации. Зад софистицираните хакерски напади стојат две земји“, истакна Рама, не наведувајќи за кои земји станува збор.

Тој додаде дека НАТО е вклучен во напорите за заштита на Албанија од хакерски напади.

Како што вели Рама, битката со оваа појава сѐ уште не е завршена и Националната агенција за информатичко општество прави сѐ за да ги врати системите во функција.

Тој уште еднаш им гарантираше на граѓаните дека личните податоци им се безбедни.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…

Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

42 годишна жена од Македонија загина во…

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…