Хакери ја нападнаа веб-страната на Ватикан
Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е нефункционална по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква.
-Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали.
Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина.
Во интервју за списанието „Језуит“, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност“ за време на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери пробиле дигитални паричници, однеле биткоин вреден…
Сериозен пропуст во областа на безбедноста на…
Проруски хакери открија идентитети на повеќе од…
Идентитетите на повеќе од 400 шпански и…
Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата…
Британскиот крал Чарлс и папата Лав денеска…
Папата се сретна со израелскиот претседател: Ватикан…
Претседателот на Израел, Исак Херцог се среќава…
Хакери украле над 70 илјади лични документи…
Група сајбер криминалци наречена „Мидокс“ украле илјадници…