„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па завршил во полиција

t

Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица е уапсен под сомнение дека со компјутерска измама извесен период ја користел услугата за паркирање во Тетово без да плаќа.

Од МВР информираат дека Е.Ш. (22) бил приведен вчера во 20:15 часот од полициски службеници на СВР Тетово.
„На 13.10.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Ш.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека со компјутерска измама, без да плаќа, одреден период користел паркинг услуга во Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…