Хакиран Европол
Европската полициска агенција (Европол) потврди дека е хакирана и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе продадат украдени вредни доверливи податоци од истраги.
Хакирана е т.н. Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат безбедносните стручњаци за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминалот“.
– Европол е свесен за инцидентот и ја проценува ситуацијата. Првичните дејствија се веќе преземени. Инцидентот се однесува на затворената група корисници на Платформата ЕПЕ, изјавија од Европол за BleepingComputer, порталот кој прв ја објави оваа вест.
Од Европол поосчуваат дека ЕПЕ не обработува никакви оперативни информации, дека не влијае на основните системи на Европол и затоа ниту еден податок не е загрозен.
Податоци од Европол, агенцијата на Европската унија за спроведување на законот, протекоа во септември минатата година. За ова тогаш пишуваше Политико, наведувајќи дека исчезнале досиејата на неколку членови на персоналот на Европол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…
Група ученици од Скопје биле нападнати во…