ХАЛАНД СТАВИ ПОТПИС НА НАЈГОЛЕМИОТ ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ: Во Сити ќе остане до 2034 година?
Додека навивачите на Манчестер Сити се подготвуваат за нови засилувања, откриено е дека најдобриот стрелец Ерлинг Халанд потпишал нов договор, пренесе „Атлетик“.
Според информациите, тој е за цели 9,5 години – т.е. до летото 2034 година. Доколку го исполни, тогаш напаѓачот ќе има 34 години.
Претходниот договор на Халанд беше до 2027 година, но имаше откупна клаузула од 175 милиони евра. Токму тоа го загрижи раководството, а во новиот договор оваа клаузула е отстранета.
Платата на Норвежанецот исто така се зголемува на околу 24 милиони евро нето за сезона.
Скандинавецот е во Сити од 2022 година, кога клубот го ангажираше од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра. Досега има 111 голови на 126 натпревари за „граѓаните“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинец оди на судење во Хамбург во…
Судењето на еден украински државјанин за саботажата…
Чад над Скопје: Има пожар кај село…
Голем пожар на отворено попладнево избувна во…
Трамп го нападна Бајден поради Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД…
Мелони го собори рекордот на Берлускони: Има…
По 1413 дена, односно речиси четири години,…
Уапсени двајца 19-годишници кај Женската плажа во…
Ноќеска во 01:40 часот на брегот на…