Објавено на:

Халеви: Израел во состојба на готовност, ќе може брзо да одговори на секој напад

t

Израел е во состојба на висока готовност и ќе може брзо да одговори на секој напад, изјави денеска началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви.

-Ќе бидеме во можност да извршиме многу брз напад каде било во Либан, каде било во Газа, каде било на Блискиот Исток, над земја и под земја, изјави Халеви на персоналот на израелската авијација во воздухопловната база Тел Ноф, пренесе Тајмс оф Израел.

Според него, Израел ќе испрати многу јасна порака до своите непријатели, оние кои ги напаѓаат, оние кои во секој говор зборуваат за тоа како сакаат да ја уништат државата Израел.

Зборувајќи за лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, кој беше унапреден во шеф на политбирото на милитантната група по атентатот на Исмаил Ханије, Халеви рече дека неговата промена на титулата нема да го спречи Израел да го гони.

-Јахја Синвар вчера доби нова титула, тој е шеф на политичкото биро на Хамас. Оваа титула, политичка, нема да го ослободи од фактот дека тој е убиец кој учествувал во целото планирање и извршување на она што се случи во октомври, и затоа промената на неговите титули не само што нема да не спречи да го бараме – ќе не охрабри, истакна тој.

Халеви изјави дека израелските сили ќе дадат се од себе да го пронајдат, да го нападнат и да го принудат Хамас уште еднаш да го смени шефот на политичкото биро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Халеви: Израел во состојба на готовност, ќе…

Израел е во состојба на висока готовност…

Трагедија: Приколка од товарно возило усмрти маж…

Шеесет и петгодишен жител на село Младо…

САД ја предупредија Турција на „последици“ доколку…

САД ја предупредиле Турција дека ќе има…

Вучиќ: Целта на протестите против литиумот е…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Преку демократски механизми ќе настојуваат да се…

Ќе ги искористат сите демократски механизми, а…