Халили: ЕК и Бугарија да не бараат промена на Уставот!
Советот на амбасадори во земјава смета дека секој обид да се направи преговарачка рамка достапна за двете страни треба да биде мултилатерална рамка во која Бугарија ќе има свое место како пријателска држава на Македонија. Шефот на советот Мухамет Халили вели дека промената на Уставот не треба да биде услов за отворање на преговорите со ЕУ. Негова лична оценка е дека решение во јуни, со ставот на Бугарија, е речиси невозможно.
„Ниту Европската комисија, ниту ЕУ, ниту Република Бугарија, не треба да инсистираат клучот за отворањето на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција, да биде отворањето на Уставот каде Бугарите ќе го заземат своето место до другите етникуми бидејќи за ова е потребно релативно подолго време. Второ, потребен ни е консензус во парламентот на државата, што во нашиот случај го нема, зашто сме сведоци дека лидерот на македонската опозиција се изјасни против уставните измени“, изјави Мухамет Халили, претседател на Советот на амбасадори.
Извор: Алсат.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…