Халили: Средбата во Тирана не е конспиративна, Рама сака да се самопромовира како водач на албанските партии во регионот

t

Средбите како што беше последната на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите на политички партии на Албанците од Македонија што се одржа во Тирана се корисни, а драматизирањето во делови од нашата политичка јавност е поради политички цели на одредени политички партии, оценува поранешниот амбасадаор Мухамед Халили.

– Сметам дека намерата на Рама беше да се самоистакне како водач на албански политички партии во регионот посебно во Македонија бидејќи ние веќе сме длабоко интегрирани во општествено-политичкиот живот и сигурно неговата желба била да се докаже пред странскиот политички фактор дека тој има некоја важна улога во координацијата на постапките на албанските политичари во регионот. Тоа како амбиција е добро, но нема некоја посебна тежина – вели Халили во изјава за „Слободен печат“.

Според него, конспиративните теории во јавноста за средбата во Тирана се погрешни.

На прашањето ако Рама се смета за фактор во регионот, може ли да влијае на косовскиот премиер Албин Курти во целата ситуација што се случува меѓу Приштина и Белград, Халили објаснува дека Рама има такви амбиции да влијае врз косовскиот премиер, но косовската политичка јавност не го прифаќа како реален водач на Албанците во регионот.

– Имаат несогласувања во политичките погледи бидејќи не ја прифаќаат неговата иницијатива и идеја за Отворен Балкан што во моментов значи затворен Балкан, бидејќи луѓето наместо поранешните три часа сега ќчекаат шест часа на граница и наместо мир и благосостојба во регионот на границата на Косово српските тенкови се на готовс за нов конфликт. Според нив, сето ова е демагогија на таканаречениот Отворен Балкан, бидејќи не може да го замени Берлинскиот процес – вели Халили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…

Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…

Предложен притвор за семејно насилство во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…