Објавено на:

ХАМАС БАРА ПИСМЕНА ГАРАНЦИЈА ОД САД – Палестинската организација ќе го прифати планот за прекин на огнот само под одредени услови

t

Хамас сака писмена гаранција од Соединетите Американски Држави за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа пред да го потпише договорот што го предложи Џо Бајден за прекин на огнот, пишува SkyNews повикувајќи се на информирани извори.

Два египетски безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека Хамас ќе го прифати планот само доколку има гаранции.

Се смета дека Египет е во контакт со САД во врска со барањето.

– Хамас сака гаранции за автоматска транзиција од една фаза во друга според договорот што го претстави претседателот Бајден – изјави трет извор запознаен со разговорите.

Загриженоста на Хамас се чини е насочена кон преминот од првата кон втората фаза на планот, со оглед на недостатокот на детали.

– Првиот дел од предложениот договор во три фази ќе биде шестнеделен прекин на огнот за време на кој Израел и Хамас ќе преговараат за траен крај на борбите во Газа – рече Бајден кога го откри планот кон крајот на мај.

Доколку разговорите траат подолго од шест недели, примирјето ќе продолжи онолку колку што е потребно за да се постигне договор, додаде тој.

Втората фаза ќе вклучи предавање на преостанатите заложници од страна на Хамас и повлекување на израелските сили од Газа.

Според претседателот Бајден, последната фаза ќе биде поврзана со „големите планови за реконструкција“ за Газа.

Во понеделникот предлогот беше поддржан од Советот за безбедност на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…