Хамас и Израел разменија списоци со заложници
Американскиот план предвидува прекин на војната, отфрлање на анексијата и присилните раселувања, како и меѓународни напори за безбедно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
Висок претставник на Хамас, Тахер Ал-Нуну, денеска изјави дека преговарачите од неговата организација и Израел размениле списоци на затвореници и заложници кои би биле ослободени доколку се постигне договор на тековните преговори за примирје во Газа, што се водат во Египет.
Ал-Нуну исто така рече дека Хамас е оптимистичен во однос на постигнување договор, наведувајќи дека групата покажала потребна позитивност.
Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абдел Аати претходно потврди дека во Шарм ел-Шеик се одвиваат разговори помеѓу делегациите на Хамас и Израел. Тој додаде дека арапските земји ќе ги поддржат мировните договори со Израел доколку дојде до завршување на конфликтот, пренесе агенцијата Ал Арабија.
Шефот на египетската дипломатија потсети дека американскиот план предвидува прекин на војната, отфрлање на анексијата и присилните раселувања, како и потреба од заеднички меѓународни напори за безбедно повлекување на израелските сили од Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…