Објавено на:

Хамас моли војната да запре

t

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска ги повика арапските, исламските земји и Обединетите нации да се обидат да го запрат нападот на Израел врз Газа.

– Ги повикуваме арапските и исламските земји и Обединетите нации да одговорат на своите морални одговорности и да ја запрат (израелската) агресија, изјави Хамдан, пренесува Ал Џезира.

На денешната прес-конференција во Бејрут, тој повика да се отворат премините за хуманитарна помош, со што ќе се овозможи достава на гориво, помош и опрема за отстранување на урнатините во Газа.

Хамдан, кој е член на политичкото крило на Хамас задолжен за односи со странство, исто така, побара од арапските земји да запрат со каква било нормализација на дипломатските односи со Израел. Тој ги повика арапските и муслиманските земји „да ги прекинат односите со државата окупатор и да ги повлечат своите амбасадори“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…