Хамас продолжува да истрелува ракети кон Израел!
Израелските одбранбени сили одговорија со напад на воената инфраструктура во јужен Либан со хеликоптери, откако претходно Хамас изврши напади на израелска територија.
Сирени се слушнаа во западна Галилеја во неделата попладне во близина на границата со Либан во градовите Нахарија, Рош Ханикра, Ханита, Гешер Хазив, Бецет и Шломи.
Хамас во Либан ја презеде одговорноста за ракетниот истрел.
Портпаролот на медицинскиот центар Галилеја во Нахарија објави дека примиле осум лица кои биле ранети од ракетниот истрел.
Двајца се однесени во трауматолошкиот центар, се во тешка, но стабилна состојба, двајцата се здобиле со рани од шрапнели на екстремитетите, а уште еден е со слични повреди, но е во умерена состојба.
Останатите пет ранети се во лесна состојба и во моментов се на тестови во Итната помош главно за вдишување чад и повреди на главата.
Израел одговори со напад на воената инфраструктура во јужен Либан со хеликоптери.
Извештаите за истрели од преку границата со Либан беа проследени со возвратен оган од ИД. Се верува дека истрелите имале за цел да ја оштетат опремата за надзор на ИД.
Хезболах ја презеде одговорноста за истрелувањето на противтенковски проектили врз пунктови на ИД во близина на границата со Либан, еден човек беше убиен, а четворица други беа ранети
Како резултат на тоа, Израел во неделата објави создавање „безбедносна зона“ од четири километри на границата за да се спречи влез на нерезиденти во областа.
Портпаролот на Хезболах рече: „Има инциденти на границата, тоа не значи дека Хезболах одлучил целосно да влезе во војната“.
Мировните сили на Обединетите нации УНИФИЛ во неделата соопштија дека нивното седиште во јужен Либан било погодено од ракета.
„Нашиот штаб во Накура беше погоден со ракета и работиме да провериме од каде. Нашите мировници во тоа време не беа во засолништа. За среќа, никој не беше повреден“, се вели во соопштението на УНИФИЛ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…