Објавено на:

Хамас се предомисли: Ги постигнавме нашите цели, подготвени сме за можни преговори со Израел

t

Хамас е отворен за разговори за можно примирје со Израел, бидејќи ги „постигна своите цели“, изјави денеска висок функционер на палестинската милитантна група Муса Абу Марзук, информира  Нова.рс.

На прашањето дали групата е подготвена да разговара за можен прекин на огнот, Марзук за Ал Џезира изјави дека Хамас е отворен за „сите политички дијалози“.  Марзук додаде дека Хамас заробил „десетици“ израелски граѓани, вклучувајќи ги и оние со руско или кинеско државјанство.

Веќе трет ден беснее војната меѓу Израел и палестинската терористичка организација Хамас, која во саботата изврши масовен напад врз територијата на Израел. Тел Авив вети силна одмазда, која е во тек во форма на гранатирање на позициите на Хамас во Газа, но има и улични борби на границата меѓу Израел и Газа. Америка најави дека ќе испрати дополнителна воена помош за Израел, додека во тек е евакуација на странски државјани од Израел, меѓу кои и државјани на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

МОСАД објави: Убиeн е шефот на военото…

Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед…