„Хамас“ се согласи да ја предаде власта во Газа и своето оружје како дел од договорот за прекин на војната
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта во Газа и своето оружје како дел од договорот за прекин на војната. Ова го соопшти Николај Младенов, висок претставник за Газа во Советот за мир, формиран на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.
„За првпат „Хамас“ и вооружените фракции во Газа се согласија да го предадат оружјето и власта на преодна администрација призната од ОН“, напиша Младенов на социјалната мрежа X.
Младенов предупреди дека евентуалното продолжување на борбите меѓу Израел и „Хамас“ може да доведе до точка од која мировниот процес нема да може да продолжи.
„Ако борбите во Газа продолжат, нема да има патоказ кон кој можеме да се вратиме, нема да има администрација која може да биде распоредена и нема да остане ништо на теренот што може да се обнови. Ова нема да биде само чекор назад. Тоа ќе биде точка од која нема враќање за никого“, изјави тој.
Патоказот со кој „Хамас“ се согласил на 30 јули предвидува разоружувањето на палестинските вооружени групи да биде надгледувано од Меѓународните стабилизациски сили. Станува збор за новоформирана структура која треба да биде распоредена во Газа доколку дојде до стабилизирање на ситуацијата. Со неа раководи американскиот генерал-мајор Џаспер Џеферс.
Според договорот, „Хамас“ се обврзал да го предаде оружјето на нов палестински управен орган. Токму овој дел од планот предизвикува сериозен скептицизам кај Бенјамин Нетанјаху, додека Трамп го оцени како значаен пробив.
Младенов нагласи дека ризикот за прекинот на огнот не доаѓа само од Израел.
„Вториот ризик за прекинот на огнот доаѓа од спротивната страна. „Хамас“ се обврза да ги прекине сите воени активности. Овој ангажман сè уште треба целосно да се исполни“, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Израелската армија тврди дека елиминирала припадник на…
Израелската армија соопшти дека во воздушните напади…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…