Хамити: Сите страдаме поради неодговорноста на косовската влада
Мухамет Хамити, пратеник на Демократскиот сојуз на Косово, оцени дека поради владата на Албин Курти и потезите што ги прави како премиер, сите ги трпат последиците.
Хамити на Фејсбук истакна дека Курти покажал неодговорност додека бил во опозиција, па и сега кога е на власт.
„Гласаме за промени“ беа пораките на граѓаните кои решија да ја дадат власта на политичка формација и нејзиниот лидер кој покажа секакви форми на неодговорно, дури и насилничко однесување додека беше во опозиција, но и за време на краткотрајниот мандат на Владата на чело со Албин Курти, рече Хамити.
Тој додаде дека власта е сменета пред две години по волја на граѓаните, но на полошо.
„И еве сме, денес, во третата година на Владата. Косово има најлоша политика, многу полоша во споредба со светот. Промената беше на полошо, што некои го знаеја и кажаа во тоа време, но не и мнозинството За жал, сите ние сега ги трпиме последиците на неодговорната на косовската влада“, нагласи Хамити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…